Вести Економија Македонија Топ вести

ТЕ-ТО ќе произведува струја за ЕСМ до крајот на месец март

Владата ја продолжи до крајот на март мерката за обезбедување дополнителните количини електрична енергија од домашно производство, односно преку топланата ТЕ-ТО. Владата одлучи  ТЕ-ТО да работи седум дена во неделата по 24 часа со полна моќност и во февруари и март.

Согласно оваа мерка, ЕСМ ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија ОД ТЕ-ТО, со што ќе се обезбеди дополнителна топлинска енергија односно континуирано парно греење во Скопје.

За да не останат скопјани без парно, Владата пред 10 дена донесе одлука државната компанија ЕСМ да го преземе работењето на БЕГ додека трае енергетската криза. Ваквата одлука следеше откако БЕГ најави дека нема пари за набавка на гас па не може да испорачува топлинска енергија во Скопје, односно дека граѓаните и државните и локални институции ќе немаат парно.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе