Ракомет Спорт

Дуелот со Израел е откажан поради три случаи на Ковид-19 кај противникот

Македонската ракометна репрезентација не го одигра вториот контролен натпревар  со Израел, што беше закажан за денеска во „Борис Трајковски“, бидејќи во противничкиот табор се појавија три позитивни случаи на Ковид-19.

Денешниот натпревар требаше да биде последна контрола пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Вчера на првата средба ја совладавме оваа репрезентација со 31-28.

Во таборот на нашиот тим ниту еден ракометар не е позитивен на Ковид-19 по денешното тестирање.

Македонските ракометари ќе тренираат во Скопје до 10 јануари, а веќе на 11-ти заминуваат за Дебрецин, Унгарија. Првиот натпревар го играме против Словенија на 13 јануари, два дена подоцна ќе ги одмериме силите со Црна Гора, додека во последниот натпревар од Групата А ќе играме со фаворитот Данска. Пласман во следната фаза од натпреварувањето обезбедуваат првите две репрезентации од групите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе