Економија Топ вести

Светска Банка со прогноза од 4,6% раст на БДП и 2,4% на инфлацијата во Македонија

Раст на бруто домашниот производ од 4,6, но и на инфлацијата од 2,4 проценти се проекциите на Светска банка за Македонија за 2021 година. Проекцијата од раст од 4,6 проценти на БДП до крајот на годинава во новиот извештај е корекција од дури еден процентен поен од предвидувањата во пролетниот извештај на Светска банка, што главно се должи на обновената домашна потрошувачка, но и зголемен раст на извозот во кој има голема увозна компонента.

Но освен Македонија Светска Банката предвидува економско закрепнување од рецесијата предизвикана од КОВИД-19 на целиот Западен Балкан со предвиден раст на БДП до крајот на годинава од 5,9 проценти. Според Извештајот економската дејност во регионот до крајот на годината ќе се врати на нивоата од пред пандемијата во речиси сите земји, освен во Црна Гора.

Сепак, позитивните трендови на растот на БДП се под закана на фискалниот дефицит, но и од бавното темпо на имунизација.

  • „И покрај доказите за зголемување на темпото за вакцинција стапката за вакцинација во Западниот Балкан заостанува зад другите европски земји и тоа може да предизвика нови рестрикции како резултат на разгорување од нова пандемија… Политичката несигурност исто така ќе го забави закрепнувањето на домашните и странските инвестиции“, изјави Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и Косово.

За поддршка на потенцијалниот раст на економиите по кризата, за тој да биде поодржлив, според експертите од Светска банка, властите треба да ја обноват фискалната одржливост. Еден од начините за тоа е поголемо ниво на собирањето на даноци.

Инаку рецецијата поради ковид кризата најмногу економски ги погоди жените и младите. Иако стапката на невработеност во земјава се намалила за 0,2 процентни поени во однос на четвртиот квартал лани невработеноста кај младите се зголемила.

Паралелно со закрепнувањето на економијата ќе се намалува куповната моќ на граѓаните. Според Светска бнака по изминатите години во кои речиси и да немаше инфлација оваа година таа ќе се зголеми за 2,4 проценти на годишно ниво.

  • „Очекувањат и процентиките се дека ова е минливо, односно привремена појава. Ќе видиме зголемување оваа година, но како ќе се норамлизира состојбата ќе видиме и стабилизирање на инфлацијата“, вели Сања Маџаревиќ – Шустер, виш економист за земјите од Западен Балкан.

Паралелно со проекциите на Светска банка за економските движења во регионот, вклучително и инфлацијата, Евростат излезе со податок дека цените во еврозоната во септември оваа година биле за 3,4% повисоки во споредба со истиот месец лани. Тоа е  највисоко ниво на инфлација во последните 13 години. Најголемо зголемување на цените се забалежани во кај енергијата за цели 17,6%, додека животните намирници чинеле за два проценти повеќе отколку пред една година. Според Европската централна банка сегашниот раст на инфлацијата е само привремен и се должи во најголем дел се поврзани со пандемијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистанците и Индијците слават по одлуката за примирје

Дејан Дејан

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе