Вести Економија

Енергетската криза тропа на врата, мерки за ублажување на последиците на стенд бај

Енергетската криза тропа на вратата, цените растат – Владата вели во избори сме и се е под контрола. Земјите од регионот и светот веќе на големо преземаат мерки да ги заштитат граѓаните од вртоглавиот раст на цената на енергенсите кои силно удираат и врз цените на храната. Но, кај нас други мерки, освен таа за увоз на јаглен за зголемување на домашното производство, ќе нема додека не завршат изборите. Владата гарантира дека цената на струјата за домаќинствата до Нова година ќе остане иста, потоа, ако треба ќе се реагира. Уверуваат и дека од септември веќе имаме стабилизирање и на цените на мало и на трошоците на живот.

„Додека трае изборниот период Владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од Буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите. Внимателно ја следиме состојбата и во регионот и Европа и ги уверуваме граѓаните дека нема потреба за загриженост.“велат од Владата

Растот на цените на енергенсите на светските берзи ќе предизвика и корекција нагоре на стапката на инфлација кај нас, велат од Народната банка. Гувернерката Бежоска уверува дека  растот би бил умерен и дека нема простор за загриженост.

Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација – изјави Ангеловска-Бежоска.

Додека кај нас се чека да завршат изборите, последно чешката влада донесе одлука следните  два месеци целосно да го укине ДДВ-то за струја и за гас. Хрватска пак ги замрзнува цените на одредени прехрамбени производи, но и на горивата. Германија преку укинување на давачките за обновливи извори ќе им помага на домаќинствата да ги плаќаат сметките за струја. Албанија прогласи вонредна состојба. Помош со пакет мерки вредни десетици милиони евра најави и Грција и други европски земји.

Александра Филиповска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Стационарот Лана ќе се отвори за две седмици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе