Култура

Тони Васиќ со изложба во македонската амбасада во Париз

Во рамките на чествувањата на 11 Октомври, во нашата амбасада во Париз, отворена е изложбата, насловена „Омеѓени приказ(н)и“, на визуелниот уметник и професор, Тони Васиќ. Тој се претставува со серија цртежи, на кои главен мотив е глуварчето.  Како што вели авторот, сите глуварчиња се нацртани, насликани од белината на хартијата и тие ја претставуваат и вештината за превртување, пофалбата на имагинацијата и одата за радост.

Изложбата ја отвори амбасадорката Јадранка Чаушевска-Димов, која не го криеше задоволството што по прв пат од почетокот на пандемијата со Кавид-19, амбасадата е повторно домаќин на еден културен настан.

Според академик Катица  Ќулафкова, глуварчињата на Тони Васиќ се стремат да бидат телесни, да бидат во просторот и времето, дури и за кратко време. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе