Економија

НБРМ:Нема потреба од монетарна реакција – инфлацијата има умерен нагорен тренд

Народната банка смета дека нема потреба од монетарна рекација во однос на инфлацијата, но внимателно ќе ги следи случувањата. Ова е констаирано по вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. Односно, во НБРМ сметаат дека инфлацијата не е резултат на поголема побарувачка на производи од она штое понуда, туку само има зголемени цени на страна на понудата.

  • Во отсуство на притисоци од страната на побарувачката, умерените нагорни придвижувања на инфлацијата засега произлегуваат од фактори на страната на понудата. Оттука, засега не се оценува потреба од монетарна реакција на овие ценовни движења, но ќе продолжиме внимателно да ги следиме, информира денеска Народна банка.  

Во однос на инфлацијата, во периодот јануари-септември во просек годишниот раст на цените изнесува 2,8 проценти. Остварувањата кај инфлацијата се нешто повисоки од очекувањата и заедно со нагорните ревизии кај увозните цени укажува на ризици за умерено повисока инфлација од проектираната од 2,2 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе