Економија Топ вести

Скопјанка пријавила 7 милиони евра доход, стружанец примал 142 илјади евра месечна плата во 2020-та

Приматот најбогат граѓанин по основ на исплатен и оданочен доход од Битола се сели во Скопје. За 2020- та тоа е жена и двојно е побогата од ланскиот носител на титулата. Заработувала по 613 илјади евра месечно или годината ја завршила со над 7 милиони евра доход.

Стружанец во 2020-тата примал месечна бруто плата од 142 илјади евра во индустријата со метали.

Ланската година тетовчанец од игри на среќа стекнал 650 илајди евра, а според податоците на УЈП најдобро се заработувало и со одгледување добиток, фармација, адвокатура, угостителство.

Највозрасниот милионер е 96 годишен пензионер, а најмладиот има само 7 години, издава простории и прибира закупнина, а високо на листата на милионери се и оние кои пријавиле дивиденда.

Зад листата со околу 4.400 успешни и богати милионери статистиката на УЈП открива дека безмалку 80.000 илјади граѓани месецот го поминувале со 4.000 денари во просек, нивните посиромашни соседи или 34 илјади Македонци заработувале само 800 денари во еден месец.

Останатото работно население кое брои 656.000 работници е во категоријата од 100.000  до 1 милион денари годишни примања, или околу 20 илјади денари нето плата, но огромен е и бројот на граѓани кои воопшто не зеле плата за овој месец оваа година.

Во 2020-та година граѓаните оствариле  бруто приход од 5 милијарди евра а државата преку даноци се офајдила со над 300 милиони евра. Во однос на 2018 и 2019-та година продолжува трендот на намалување на богатите а бројот на милионери со остварени над 100 милиони денари доход изнесува само 11 за изминатата 2020-та година.

Пaвле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе