Норвешка се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство 2026 година откако во Њу Џерси го совлада Бразил со 2-0.
Херој на скандинавците беше Ерлинг Халанд, кој ги постигна двата гола. Првиот го реализираше со глава во 79-тата минута, а точка на натпреварот стави со одличен удар од далечина во финишот.
Кариоките имаа голема шанса да поведат во првото полувреме, но Бруно Гимараеш не реализираше пенал, односно голманот на Норвешка, Ниланд, успеа да одбрани. Ендрик можеше да го отвори резултатот веднаш по влегувањето во игра, но младиот напаѓач, иако излезе сам пред голот, биеше крај десната статива.
Норвешка во четвртфиналето ќе го чека победникот од дуелот меѓу Мексико и Англија.
