Спорт Фудбал

Без нови сензации на СП: Франција, Норвешка и Мексико сигурно до осминафиналето (ВИДЕО)

За разлика од претходниот натпреварувачки ден, синоќа и утринава немаше изненадувања на Светското фудбалско првенство. Франција уште еднаш покажа зошто е прв фаворит за освојување на трофејот, Ерлинг Халанд продолжи со головите, а ко-домаќинот Мексико исто така обезбеди место во осминафиналето.

Франција ја победи Шведска со 3-0, благодарение на двата гола на Килијан Мбапе, а во листата на стрелците се запиша и Бредли Баркола. Напаѓачката четворка на „триколорите“ беше нерешлива енигма за Швеѓаните, бидејќи Мајкл Олисе имаше две асистенции, а Усман Дембеле една. Избраниците на селекторот Дидие Дешамп можеа да слават и далеку поубедливо, бидејќи имаа голем број шанси и неколкупати ја затресоа рамката од голот на противникот. Во осминафиналето, Франција ќе се соочи со Парагвај в сабота од 23 часот.

Во интересен и возбудлив натпревар, Норвешка со 2-1 го победи Брегот на Слоновата Коска. Антонио Нуса ги доведе Норвежаните во водство со прекрасен соло-гол во 39. минута. Во второто полувреме, на речиси идентичен начин возврати Амад Дијало, кој погоди по фантастична индивидуална акција во 74. минута. Победата за Норвешка ја обезбеди Ерлинг Халанд во 86. минута со својот петти гол на турнирот. Норвешка во осминафиналето ќе игра против Бразил в недела.

Мексико со два гола во првото полувреме го елиминираше Еквадор. За ко-домаќинот на турнирот погодија Хулијан Киноњес во 22. и Раул Хименез во 31. минута. Еквадор остана со играч помалку длабоко во судиското продолжение, кога беше исклучен Пиеро Хинкапие поради покривање на устата. Мексико во осминафиналето го чека победникот од дуелот меѓу Англија и Конго.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе