Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска се враќа на своето работно место. Тој се очекува да пристигне во општината и повторно да ги преземе градоначалничките надлежности, дознава Телма.
Во негово отсуство, општината ја водеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој доби овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа.
Градоначалникот на Карпош Лукровски подолг период е отсутен. Тој на 8 мај замина на боледување, а сите права и обврски од градоначалничката функција ги предаде на совеникот Неделчо Крстевски. Подолгото боледување на Лукровски предизвика шпекулации околу неговото можно повлекување од функцијата, како и евентуално распишување избори, кои премиерот ги демантираше.
