Светското првенство остана без две европски фудбалски сили откако Германија и Холандија беа елиминирани во првата нокаут-рунда по изведување пенали.
Германија загуби од Парагвај по пенал-серија со 4-3, откако натпреварот по 120 минути заврши 1-1. Парагвајците поведоа во 42-та минута преку Хулио Енсисо, а Германија израмни во 54-та минута со голот на Каи Хаверц по асистенција на Флоријан Вирц. Во продолженијата на „панцирите“ им беше поништен гол на Џонатан Та по интервенција на ВАР, а потоа во пенал-серијата не реализираа Хаверц, Ник Волтемаде и Та. Решавачкиот пенал за Парагвај го погоди Хозе Канале.
Драматична елиминација доживеа и Холандија, која загуби од Мароко по пенали со 3-2. „Лалињата“ водеа од 72-та минута со голот на Коди Гакпо, но Мароко се спаси во судиското продолжение кога Иса Диоп погоди со глава во 90+1 минута за 1-1. Во пенал-серијата херој беше голманот Јасин Буну, кој го одбрани ударот на Крисенсио Самервил, а Исмаел Саибари го реализираше решавачкиот пенал.
Парагвај и Мароко со овие победи продолжуваат во осминафиналето, додека Германија и Холандија предвреме го завршија настапот на Мундијалот.
