Црн густ чад денеска се издига над Скопје, откако во Шутка избувнал пожар.
Според информациите од Центарот за управување со кризи преку Е-112 добиена е пријава дека гори сува трева. Пожарот како што информира ЦУК се проширува кон куќите во близина на Шуто Оризари.
Пожарникарски екипи се на терен. Засега се уште не е познато како настанал пожарот.
И во текот на вчерашниот ден избувна голем пожар во околината на Визбегово, при што црн чад се издигаше над местото и беше видлив од повеќе делови на Скопје.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
