Вести Свет Топ вести

Граѓаните во Венецуела ја обвинуваат власта за бавна реакција

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на над 1.700 луѓе, додека спасувачките екипи и понатаму трагаат по преживеани под урнатините.

Најтешко погодена е крајбрежната област Ла Гуаира, каде што се урнаа повеќе станбени згради, а семејствата со денови ги чекаат вестите за своите најблиски.

Жителите жестоко ја критикуваат реакцијата на властите, тврдејќи дека спасувачките операции започнале предоцна и дека во многу населби први кои дошле на помош биле соседите и волонтерите.

Дел од семејствата велат дека со денови самостојно копале низ урнатините, бидејќи не добиле навремена помош од државните служби.

И покрај пристигнувањето на домашни и меѓународни спасувачки тимови, многумина стравуваат дека под урнатините сè уште има затрупани луѓе.

Граѓаните бараат поголема ангажираност од институциите, предупредувајќи дека доцнењето на спасувачките акции можело да чини уште повеќе човечки животи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Попладневна локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Временска прогноза за 1.7.2026

meteo

Во чест на Владо Јаневски – вечерва ќе се пеат неговите стихови пред арената „Борис Трајковски“

Kristina Kuzmanovski

Експлозија во Монако – повредени украински магнат и неговото семејство

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе