Вести Македонија

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Јавната установа Национален парк „Маврово“ ја известува јавноста дека, врз основа на согласноста издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а согласно насоките на Владата на Македонија, поради зголемената опасност од појава на шумски пожари се воведува целосна забрана за непријавено движење во шумите и шумското земјиште.

Забраната стапува на сила на 01.07.2026 и ќе трае до 31.08.2026 година.

Во наведениот период, движењето во шумите и шумското земјиште на територијата на Националниот парк Маврово е дозволено исклучиво со претходно одобрение, односно со навремено пријавување на активностите.

Сите поединци и организирани групи кои планираат движење на територијата на Националниот парк Маврово се должни претходно да ја пријават својата активност.

Исклучок од оваа обврска имаат:

  • вработените во Министерството за внатрешни работи;
  • вработените во Министерството за одбрана;
  • Шумската полиција;
  • Центарот за управување со кризи;
  • Дирекцијата за заштита и спасување;
  • Државниот инспекторат за шумарство и ловство;
  • Лица кои извршуваат службени активности за потребите на ЈУНП „Маврово“
  • лица кои веќе поседуваат писмено одобрение за движење издадено од ЈУНП „Маврово“, доказ за уплатена туристичка такса или важечка риболовна дозвола.

Локалното население нема обврска да плаќа туристичка такса за влез во Националниот парк Маврово.

Пријавувањето може да се изврши во Туристичкиот инфо центар во Маврови Анови или по електронски пат на: [email protected]

Пред поднесување на електронската пријава потребно е да се изврши уплата на туристичката такса преку: www.npmavrovo.mk/tickets

Туристичката такса изнесува 100 денари по лице за секој ден престој на територијата на Националниот парк.

Согласно член 106 од Законот за шумите, за непочитување на оваа забрана и движење во шумите и шумското земјиште без соодветно одобрение, на физичките лица ќе им биде изречена глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе