Долгата колона возила кои беа блокирани на Плетвар поради тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби возачот на камион – кипер полн со песок кој се преврте на патот, започна да се движи.
По неколкучасовниот застој заради трагичната несреќа, возилата почнаа да се движат откако полициските службеници го извршија увидот на местото на настанот.
„Денеска (26.06.2026) во 17.44 час во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Прилеп -Градско, превој Плетвар во близина на село Ореовец товарно моторно возило излетало од патот при што едно лице починало. Увидот е во тек“, соопштија претходно од СВР Битола.
