Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој се бараше по меѓународна потерница, денеска е есктрадиран од Србија. Тој во јануари оваа година, во скопската населба Капиштец, ја прегази 75-годишната Љуба Јаковлеска која почина на комплексот клиники „Мајка Тереза“ како последица на тешките повреди што гхо здоби.
Трагичниот настан се случи на 9 јануари, додека 75-годишната Јаковлеска се движела по улицата „Народен фронт“, во близина на трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец, кога Саитов удри со автомобил во неа и побегна од местото на настанот, а потоа и од државата.
По него беше распишана централна и меѓународна потерница по барање на основното Јавно обвинителство Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Нешто повеќе од еден месец од бегството по трагичниот настан, Саитов беше уапсен во Белград и му беше одреден екстрадициски притвор.
С.Д.
Уапсен бегалецот Саит Саитов, ќе се бара екстрадиција од Србија
