Вести Македонија Топ вести

Уапсен бегалецот Саит Саитов, ќе се бара екстрадиција од Србија

18-годишниот возач Саит Саитов кој минатиот месец со смртни последици ја прегази 75-годишната Љуба Јаковлеска во скопската населба Капиштец, е уапсен во српскиот град Врање, откри  адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на родините кои му помогнаа на  Саитов да побегне.

Саитов, откако ја удри жената со автомобилот , избега од местото на несреќата, а потоа и од државата, со помош на неговиот татко и роднини.

-Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија. Најверојатно е приведен и неговиот татко, вели Давидовиќ за Претрес

Според адвокатот, роднините тврделе дека не знаат оти младиот Саитов прегазил жена, кога го пренеле преку граничниот премин „Табановце“.

-Им верувам на моите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на такво тешко кривично дело. Мажот работи во Дирекција за заштита и спасување и е родител на дете со посебни потреби и за набавка на суплементи често патувал во Србија, рече адвокатот Давидовиќ.

Од МВР ја потврдија веста од каде велат дека Саитов во Белград е лишен од слобода и му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата.

На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.02.2026, информираат од МВР.

Бегалецот Саит Саитов бил казнет од МВР лани за возење без возачка дозвола, тој пред една недела усмрти жена со автомобил „пасат“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе