Вести Македонија Најважни

Ти благодарам што истресе се од тебе – Тошковски кон Апасиев кој му ги посочи валканите партиски полицајци на расправата за неуспешната интерпелација

И третата интерпелација во две години не го смени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од ресорот, откако барањето за политичка одговорност го поднесе Левица и нивниот лидер Димитар Апасиев, сограѓанин на првиот полицаец.

„Ви благодарам многу за сето она што го наклеветивте, излажавте, изманипулиравте. Ти благодарам многу драг мој сограѓанину Димче Апасиев за сите оние ад хоминем напади што ги направи, за сето она кое што го истресе од тебе. Македонските граѓани навистина успеаја да видат каков лидер на дел од опозицијата имаме во оваа држава и мислам дека страшно добро си се забетониравте во рамки на политичкото мочуриште, заедно со вашиве партнери, овие понапред што седат“, се обрати Тошковски од собраниската говорница кон Апасиев.

Со интерпелацијата Левица и Апасиев го обвинуваа за политизација и партизација, одговорност за Кочански Пулс, слаба битка против криминалот, лични интереси и слаба кариера во ресорот каде има и полицајци од штабови.

„Дотолку повеќе до каде оди перверзијата, адвокатски шеми имате направено пред да станете министер, токму против МВР кое што сега го водите. И тоа со овој Дејан Салтировски од СВР Штип кој беше началник и кој славеше роденден со Мицевски координаторот во хотел „Оаза“. И видете сега, вие наместо да го тргнете човеков, вие што правите, правите во валканиве полицајци кои не одговараа се ставени во општински изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ. До каде оди вмровската перверзија“, му возврати Апасиев.

Тошковски на опозицијата им се спротивстави со бројки, неговите сопартијци го бранеа со контраобвинувања дека пред него било полошо во МВР, а опозицијата оценуваше дека има големи слабости во борбата со криминалот.

„Имате многу нерасветлени убиства кои што се доказ на неефикасноста на вашиот систем. Имате рекорден број на семејно насилство и фемициди што покажува, министер, институционален неуспех. И вака, министер, со вашата добра глума, единствено што ќе му препорачам на премиерот Мицкоски, сега во реконструкцијата да ве именува за министер во култура“, реагираше Јована Тренчевска,м пратеничка на СДСМ.

„Една работа же ви кажам, а бе пасоши не можевте на луѓето да дадете. Имате ли елементарна култура и почит кон овој народ кога излегувате тука да зборувате и да лажете, кога пасоши на овој народ не можевте да дадете бе. Колешке Тренчевска, министре Тошковски време е тоа што го кажа пратеничката Тренчевска дека законот треба да важи подеднакво за сите“, рече Бојан Стојановски, пратеник на ВМРо-ДПМНЕ.

Но, говорниците од опозицијата брзо завршуваа, па иако интерпелациските седници може да траат до полноќ, на крај спикерот Африм Гаши по околу пет часа расправа, ја стави интерпелацијата на гласање на кое за смена на Тошковски гласаа 19 опозиционери.

Миомир Серафиновиќ

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, но трчате во место

Sasko Dimovski

Меѓуетничките односи се сериозно нарушени, допрва ќе стигне фактурата – оцена на Селими за две години од промената на власта

Sasko Dimovski

Шефот на нуклеарната агенција на ОН вели дека инспекторите ќе ги посетат иранските нуклеарни локации како дел од договорот за завршување на војната.

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе