Вести Македонија Топ вести

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Во Основниот суд во Струга денеска не  започна судењето за злоупотреби во РЕК Битола во висина од 1,7 милиони евра.
На обвинителна клупа требаше да седнат сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, директори во РЕК Битола и вработени во двете фирми. Вкупно осум физички и едно правно лице се обвинети за злоупотреби во јавните набавки, со што, според обвинението, го оштетиле комбинатот за околу 1,7 милиони евра.
Судењето беше одложено бидејќи еден од обвинетите го сменил адвокатот, па тој побарал разумен рок да се запознае со обвинителниот акт. Почетокот на судењето е закажано за 2 септември.
Според обвинението, поранешните раководни лица во РЕК Битола, меѓу кои и тогашниот генерален директор Пеце Матевски, во 2023 година ја злоупотребиле службената положба при спроведување постапка за јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ кон РЕК Битола. Обвинителството тврди дека со  поставување ограничувачки услови била овозможена постапка во која се јавила само една фирма, која го добила тендерот вреден околу 106,2 милиони денари со ДДВ.  Според обвинението, биле доставувани невистинити документи за наводно извршени работи, иако опремата останала неинсталирана.
Во рамки на истрагата, на   Борче Марковски му беа запленети пари, злато, и дел од неговиот имот.
Тој  два месеца беше во притвор, а во јануари со гаранција од 5 милиони евра во недвижен имот и возилапртивото  му беше заменет со мерки на претпазливост.
Основното јавно обвинителство Битола во јануари поднесе обвинителен акт, кој беше одобрен од Основниот суд Битола, но предметот беше префрлен во Основниот суд Струга, откако сите судии во Битола се изземаа поради претходно учество во постапката.
https://telma.com.mk/2026/01/02/obvinenie-protiv-borche-markovski-i-poraneshni-direktori-od-rek-bitola-za-tender-od-17-milioni-evra/
https://telma.com.mk/2026/04/07/site-sudii-izzemeni-vo-bitola-predmetot-za-rek-i-markovski-odi-vo-sudot-vo-struga/
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотниот бран урива рекорди во Западна Европа – одржувањето на зеленилото клучно за урбаните средини

Дејан Дејан

(видео)Спасено мало срнче на Пелистер кое го нападнало куче бездомник

Дејан Дејан

Пазарна инспекција ги проверува книгите на големите маркети, како се движеле цените на одредени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе