Uncategorized Вести Култура Македонија Топ вести

Вечерва ќе се запали фестивалскиот оган – почнуваат Струшките вечери на поезијата

Со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга денеска во Струга почнува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата.

Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ во Домот на поезијата, а ќе продолжи со Меѓународното поетско читање „Меридијани“.

Годинашното мото на Фестивалот, кој ќе трае до 29 јуни е „Каде што живее поeзијата“, е под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, финансиран од Министерството за култура и туризам.

Во рамки на фестивалот денеска ќе биде отворена и изложбата „Цвеќе, поезија, мир“ на македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин, со која ќе одбележи 40 години учество на Струшките вечери на поезијата.

– Програмата опфаќа меѓународни поетски читања и промоција на 12 публикации од издавачката дејност на Струшките вечери на поезијата, меѓу кои и луксузната тријазична монографија посветена на на добитничката на „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга, соопшти СВП.

Според информацијата, предвидени се и поетски читања на авторите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, портрет на минатогодишната добитничка на ова признание, Јулијана Величковска, како и промоциија на книгите од едицијата „Плејади“ и книгата „Венецоносци – разговори на брегот“ од Диме Ратајкоски, која содржи со интервјуа со добитниците на „Златен венец“ и други истакнати поети што биле дел од фестивалот во периодот од 2012 до 2018 година.

– Ќе бидат промовирани и книгите „Нови познати фрази“ од Даниел Хајндс од Обединетото Кралство, добитник на наградата „Мостови на Струга“ и „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска, минатогодишна добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“, како и книги со избор од творештвото на неколкумина значајни светски поети: Луис Гарсија Монтеро од Шпанија, Питер Мекеј од Обединетото Кралство, Михаел Кригер од Германија, Шји Чуан од Кина. Ќе биде претставена и фестивалската антологија „Кој е кој – поезија од пет континенти“ како и две книги на поетите од платформата ВЕРСОПОЛИС, поддржана од Креативна  Европа.

Покрај поетските читања, додаваат, неизоставен дел од манифестацијата се и поетското кафе и средби со издавачи, агенти и професионални посетители – ВЕРСОПОЛИС и со лауреатката, Анеке Брасинга, портрет на Даниел Хајндс, добитник на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО за 2026 година, читањето на поетите во конкуренција за наградата „Енхалон“, традиционалното „Матине“ – меѓународно поетско читање и посета на Охрид и неговите знаменитости.

На полноќ ќе се одржат традиционалните Ноќи без интерпункција, на кои ќе настапат поетите застапени во антологијата на македонската поезија „Камен и земја“, приредена од Иван Џепароски на сцената во Домот на поезијата „Браќа Миладиновци“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НБРМ: На крајот на март надворешниот долг бележи квартално зголемување од 4,8%

Дејан Дејан

ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма, бара СДСМ

Дејан Дејан

На 89-годишна возраст почина писателот Јован Павловски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе