Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Државниот завод за ревизија во анализата за 2024 година утврди дека наплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување не се доволни за покривање на расходите за пензии, поради што значителен дел од средствата се обезбедува преку трансфери од Буџетот на државата, кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот.

Ревизијата утврди дека Фондот не врши навремена уплата на придонесите и за здравствено осигурување на пензионерите кон Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, иако има законска обврска за тоа. Во 2024 и 2025 година исплатите се вршени со задоцнување од неколку месеци, при што до 28.02.2026 година придонесите се исплатуваат со доцнење од осум месеци. Вкупната неисплатена обврска за периодот од јуни 2025 до јануари 2026 година изнесува 8.415.865 илјади денари односно 136.400.000 евра.

Ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста со законската регулатива.

Приходите од придонеси во 2024 година изнесуваат 71,4 милијарди денари, но не го покриваат растот на расходите за пензии, кои достигнале 90,3 милијарди денари.

Ревизијата укажува на слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб. Иако Фондот ги изготвува пресметките и ги доставува до надлежното министерство во законски утврдениот рок, средствата не се трансферираат навремено, при што во 2024 година доцнењето изнесува во просек околу два месеца. Заклучно со 27.02.2026 година, утврден е долг од 2.592.918 илјади денари по основ на нераспределени придонеси кон приватните пензиски друштва.

ДЗР предупредува и на структурни слабости во работењето на Фондот, меѓу кои недостиг на кадар, проблеми со евиденција на имот, пописни неправилности и слабости во јавните набавки…

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе