Вести Свет

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Конзервативниот коментатор Такер Карлсон објави дека ги прекинува сите врски со Републиканската партија, и дека „нема шанси да ја поддржи Републиканската партија“ пред ноемвриските среднорочни избори.

Еден од најпопуларните водители на Fox News Channel, зборувајќи во поткастот „Не може да се цензурира“  рече дека очекуива и други да го следат неговиот потег.  „Заминувам. И ако јас си одам, мислам дека многу други луѓе си одат“, рече Карлсон кој има голем број следбеници на својот подкаст.

Тој додаде дека нема да ја подржи ниту Демократската партија.

Тој го обвини раководството на партијата дека ги предала своите гласачи ставајќи ја националната безбедност на Израел пред американската.

„Како би можел јас, или кој било друг американски гласач, да поддржи политичка партија која не е лојална на Соединетите Американски Држави? Партија која ги става интересите на странска земја над интересите на сопствените граѓани? Едноставно не можете да гласате за такви луѓе, а јас нема да го сторам тоа“, рече Карлсон.

„Тие донесуваат одлуки врз основа на други критериуми, што е најдобро за оваа компанија, што е најдобро за Израел, што е најдобро за нашите донатори“, рече тој. „Тие се тргнати во погрешна насока, тоа е неприфатливо, тоа е предавство, тоа е неморално, не може да продолжи.“, рече тој.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наследникот на балансерот пред пратениците – Почна дебатата за Закон за соодветна и правична застапеност

Дејан Дејан

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Дејан Дејан

Реформската агенда во фокус: Власта уверува дека има напредок, опозицијата алармира за застој и изолација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе