Жељко Обрадовиќ и официјално се враќа на клупата на Панатинаикос. Трофејниот српски стратег потпиша тригодишен договор со грчкиот гигант и по 14 години повторно ќе го предводи клубот со кој ги оствари најголемите успеси во кариерата.
Обрадовиќ го предводеше Панатинаикос од 1999 до 2012 година и во тој период создаде вистинска европска династија. Со „зелените“ освои пет титули во Евролигата, 11 шампионски титули во Грција и седум Купови на Грција.
Српскиот тренер е најтрофејниот стратег во историјата на европската кошарка со вкупно девет титули во Евролигата. Покрај петте со Панатинаикос, европски шампион беше и со Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид и Фенербахче.
Обрадовиќ доаѓа на местото на Ергин Атаман, кој си замина по неуспешната сезона за Панатинаикос. Клубот од Атина сега повторно му ја доверува клупата на својата најголема тренерска легенда, со цел да се врати на врвот на европската кошарка.
Според медиумските шпекулации, Обрадовиќ ќе го има и најскапиот тренерски договор во историјата на Евролигата. Наводно, српскиот стратег за трите сезони во Панатинаикос ќе заработи 12 милиони евра, односно по четири милиони евра годишно.
