Вести Најважни Свет

САД и Иран на преговори во Швајцарија во сенка на нови тензии

Во Швајцарија денеска започнуваат високи билатерални разговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, со цел да се имплементира прелиминарниот договор за прекин на војната и стабилизирање на состојбата на Блискиот Исток.

Средбите се одржуваат во Бургеншток, со посредство на Катар и Пакистан, во обид да се задржи кревкиот дипломатски процес кој во последните денови е под силен притисок.

Американската делегација ја предводи потпретседателот Џеј-Ди Венс, заедно со специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Со нетрпение очекуваме да започнеме разговори со Иранците, Пакистанците и Катарците. Според нашите информации, Иранците штотуку слетаа, Катарците и Пакистанците. Некои од нашите преговарачи ќе бидат на терен. Значи, ќе имаме неколкудневни разговори за да се обидеме да го започнеме ова на вистински начин. Има многу за дискусија, но ние сме подготвени да поминеме низ сè, порача американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Дипломатската атмосфера е дополнително комплицирана од нова ескалација на терен. Техеран соопшти дека повторно го затвора Ормутскиот Теснец, обвинувајќи ги САД за неисполнување на обврските од прелиминарниот договор и за продолжување на израелските напади во Либан.

Главната причина за овој состанок е да се осигури дека другата страна ќе ги исполни своите обврски. Во овој прв чекор, мора да се осигураме дека се исполнети предусловите за започнување на преговорите за постигнување конечен договор, истакна портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.

Во исто време, медијаторите од Пакистан и Катар истакнуваат дека разговорите се клучни за спроведување на прелиминарниот договор, кој предвидува прекин на борбите на повеќе фронтови, вклучително и Либан, како и отворање на каналите за економска стабилизација.

Иранскиот став останува цврст – дека нема целосни преговори без исполнување на договорените услови. Ситуацијата дополнително ја комплицираат судирите меѓу Израел и Хезболах во јужен Либан, каде и покрај најавите за намалување на интензитетот, продолжуваат извештаите за голем број жртви и интензивни воздушни напади.

Израел, започна копнена инвазија во Либан и широки воздушни напади низ целата земја. Сегашната ситуација го загрозува договорот меѓу САД и Иран, кој накратко го отвори Ормутскиот теснец и носи надеж дека разговорите за нуклеарната програма на Иран ќе продолжат, вели аналитичарот на состојните на Блискиот Исток од Асошиејтед Прес, Карим Чехајеб.

Во последните денови, десетици лица се убиени, а илјадници се погодени од нови бранови на насилство.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта во реконструкција, опозицијата со оценка – се менуваат фотелјите, но не и политиките

Дејан Дејан

Топлото време ги зголеми повиците на Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Претпладне сончево време со мала облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 22.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе