Голем шумски пожар избувна во областа Алмиропотамос во Каристос на грчкиот остров Евија, по што властите наредија евакуација на населението од загрозените подрачја.
Пожарот по неколкучасовна борба со огнената стихија е локализиран, соопштуваат локалните служби.
Во гаснењето биле ангажирани околу 120 пожарникари, засилени пешадиски екипи, волонтери и 35 противпожарни возила.
И покрај тоа, силните северни ветрови дополнително ја отежнувале интервенцијата и придонесувале за појава на нови жаришта.
Копнените сили и понатаму остануваат на терен со цел целосно гаснење на преостанатите жаришта и спречување на повторно разгорување на пожарот, додека жителите постепено се враќаат во безбедните зони.
