Вести Економија Топ вести

Првиот регулатор со предлог – банките, фондовите, фирмите да инвестираат во Чебрен, наместо да купуваат станови

Големите компании, банките, фондовите, адвокатите, извршителите. Сите овие да учествуваат во изградбата на Чебрен – првиот регулатор  со предлог како да се дојде до пари за реализација на деценискиот проект.  Во интервју за Телма  вели дека капиталот со кој располагаат наместо да го трошат за да купуваат станови, можат да го насочат кон енергетиката.

Зошто државата да не емитира акции од Чебрен и акумулираните средства, а не знаат што да им прават искрено затоа е оваа елдорадо со фотоволтаици затоа што луѓето немаат берза, нема индустрија кај да ги вложат парите ги вложуваат во станови заробени и бетон и челик. И тоа масовно се случува, гледате Скопје има 70 илјади непродадени станови. Тоа е капитал над милијарда евра. Зошто во следните 5 години место да се купуваат станови и да се заробуваат евра не си купат акции од Чебрен и на тој начин да се обезбеди. Ова е повик не само до големите фирми туку и до банките инвестициски фондови, адвокати , извршители кои купуваат станови зошто да купуваат станови зошто да не го вложат во енергетика, изјави во интервју за Телма, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Ацо ристов

Со ова  дека  ќе се намали и  сумата од 1, 5 милијарди евра која се планира да се земе како кредит за Чебрен, а ќе се овозможи  повеќе работа и за младите инженери во земјава.

Зошто сите наши деца да одат надвор да стекнуваат знаење, а ние да ги носиме странските компании во земјава како консултанти или слично, додава ристов.

По безброј најави, тендери и пропаднати обиди – Чебрен периодов повторно во фокусот. Овој пат Владата била пред конечна одлука, проектот да го гради државата без да се бара инвеститор.

За време на последниот неуспешен обид за Чебрен, од ВМРО – ДПМНЕ, тогаш како опозиција  се противеа странци да бидат дел од проектот. Но, со доаѓањето на власт, Чебрен се најде во разговорите при посетата на Обединетите Арапски Емирати, а беше презентиран и пред инвеститори во Давос.

Досега за Чебрен имаше 14 тендери. На последниот во 2023 беше избрана грчката фирма Архиродон,  со кој на крајот на се потпиша договорот.

Инаку, Чебрен е прокет кој се најде во  речиси сите владини програми.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директор на детска градинка во Штип преку фиктивни фактури го оштетил буџетот за над 100 000 евра

Дејан Дејан

Притвор за 8 лица се бара за штетата на ФФМ од 3 милиони евра

Дејан Дејан

Построгите правила за игрите на среќа ги конфронтираа двете страни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе