Балкан Вести Македонија Топ вести

Грчките служби извлекле тело на македонска државјанка во делот на Неа Каликратија

Грчките служби извлекле тело на 75-годишна македонска државјанка од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики. Таа со амбулантно возило веднаш била пренесена во здравствениот центар, каде што била констатирана смрт.

„Со амбулантно возило на брзата помош 75-годишната беше пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што беше констатирана смртта“, информираа од грчката крајбрежна служба.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера, крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извлечена без знаци на живот од морската област „Неа Каликратија“ во општина Неа Пропонтида, Халкидики“.

Од надлежната управа која ја спроведува предистражната постапка, било наредено да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари

Дејан Дејан

Десетдневен прекин на дел од железничкиот сообраќај кон Велес, Битола и Гевгелија

Дејан Дејан

Размена на оган во јужен Либан и покрај примирјето меѓу Израел и Хезболах

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе