Вести Македонија Најважни

(ФОТО) Повеќе повредени во судир на комбе и камион кај Свети Николе, две лица со тешки повреди

Неколку лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на магистралниот пат Свети Николе – Куманово.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе, во незгодата учествувале комбе и камион.

Пожарникарите интервенирале  во 21:02 часот со едно противпожарно возило.

При интервенцијата било извршено извлекување на повредените лица од возилата, по што тие биле предадени на екипите на Итната медицинска помош.

– Нa 19.06.2026 околу 20:55 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, Овче Поле е случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко комбе „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(55) од Свети Николе и паркирано товарно возило „Mан“ со светиниколски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од патничкото комбе Л.П.(53) и М.М.(33) двете од Свети Николе, додека со телесни повреди останатите осум патници, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани, информираат од МВР.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар во хотел во Доминиканската Република, евакуирани речиси 1.700 туристи

Дејан Дејан

Расте бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа

Дејан Дејан

Габард објави декласифицирани документи за потеклото на Ковид-19

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе