Околу 1.700 гости беа евакуирани откако избувнал пожар во хотел во туристичкото место Бајахибе, во источниот дел на Доминиканската Република.
Инцидентот се случил во хотелот „Вива Виндам Доминикус Бич“, а на терен интервенирале пожарникари и служби за итни случаи.
Според Центарот за итни операции, од хотелот биле евакуирани 1.690 туристи, кои привремено биле сместени во блиски хотели и други објекти за нивна безбедност.
Засега нема информации за загинати или повредени лица.
Надлежните власти соопштија дека причините за пожарот сè уште се истражуваат.
Акцијата за справување со пожарот започнала во раните утрински часови и продолжила во текот на денот.
