Вести Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: Невработеноста се намалува, младите во фокусот на мерките за вработување

Економските политики и мерките за поддршка на бизнисите и вработувањето даваат резултати, велат од ВМРО – ДПМНЕ, посочувајќи дека стапката на невработеност е намалена од 12,5 на 11,3 проценти, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6 на 46,5 проценти, според податоците на Државниот завод за статистика.

Според партијата во првиот квартал од 2026 година биле евидентирани 707.385 вработени лица, што претставува раст во однос на 691.736 вработени во второто тримесечје од 2024 година.

Оттаму велат дека позитивните показатели се резултат на мерките за поддршка на домашните компании, привлекување инвестиции и отворање нови работни места.

Во партиското соопштение се наведува дека со Оперативниот план за вработување за 2026 година, вреден речиси 40 милиони евра, ќе бидат опфатени повеќе од 10.000 лица.

Посебен акцент е ставен на младите, при што речиси 6.000 лица до 29 години ќе бидат вклучени во мерки за вработување, обуки и професионален развој, а дел од младите вработени во производствени капацитети ќе добиваат месечен младински додаток од 3.000 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Повеќе повредени во судир на комбе и камион кај Свети Николе

Дејан Дејан

„Кармина Бурана“ вечерва во Градскиот парк со филхармониите од Скопје, Софија и Солун

Дејан Дејан

СДСМ: Две години економски неуспех, лажни ветувања и политичка изолација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе