Вести Македонија

„Кармина Бурана“ вечерва во Градскиот парк со филхармониите од Скопје, Софија и Солун

Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар на Солун вечерва од 21 часот ќе одржат заеднички концерт во Градскиот парк во Скопје.

Настанот, насловен „Филхармонија на отворено“, ќе ја донесе пред публиката култната кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.

Со оркестарот ќе диригира маестро Најден Тодоров, а како солисти ќе настапат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција и баритонот Иво Јорданов од Бугарија.

Во изведбата ќе учествуваат и Националната опера и балет, хорот на Музичкото училиште во Солун и детскиот хор „Пиколо“.

Концертот е бесплатен за посетителите и претставува продолжение на регионалниот музички проект кој претходно беше успешно изведен во Софија и Солун.

Според учесниците, настанот е пример за културна соработка и поврзување меѓу земјите од регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Повеќе повредени во судир на комбе и камион кај Свети Николе

Дејан Дејан

ВМРО – ДПМНЕ: Невработеноста се намалува, младите во фокусот на мерките за вработување

Дејан Дејан

СДСМ: Две години економски неуспех, лажни ветувања и политичка изолација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе