Во селото Нивици на брегот на Преспанското Езеро во Грција, на 17 јуни 2018 година беше потпишан Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, со кој беше затворен долгогодишниот спор за името.
Со договорот земјата го промени уставното име, а Грција го призна македонскиот јазик и идентитет, при што процесот отвори пат за членство во НАТО и за засилена билатерална соработка.
По ратификацијата во двете земји, договорот стапи во сила во февруари 2019 година.
Македонија ги исполни клучните обврски, вклучително промена на уставното име, документи и институционални називи, додека од грчка страна дел од предвидените чекори, како ратификација на меморандуми за соработка, сè уште не се целосно завршени.
И покрај одредени политички разлики и повремени застои, договорот доведе до стабилизирање и интензивирање на односите меѓу двете земји во изминатите осум години, со редовна комуникација и зголемена соработка во повеќе области, вклучително економијата и енергетиката.
