Серена и Венус Вилијамс ќе играат заедно во двојки на овогодинешното издание на Вимблдон, откако организаторите им доделија вајлд-карта за настап на грен слем турнирот во Лондон.
Ова ќе биде враќање на Серена на Вимблдон по четири години пауза. Таа неодамна повторно се појави на терените и настапи во двојки на турнирот во Квинс, а оваа недела игра и во Берлин со Каролина Мухова како дел од подготовките за најпрестижниот тениски турнир.
Сестрите Вилијамс се едни од најуспешните дубл-партнерки во историјата на тенисот. Заедно имаат освоено 14 грен слем титули во двојки, од кои шест на Вимблдон. Последниот трофеј во Лондон го освоија во 2016 година.
Серена има 23 грен слем титули во сингл, меѓу кои седум на Вимблдон, додека Венус петпати беше шампионка на лондонската трева во поединечна конкуренција.
Засега ниту една од двете не доби вајлд-карта за настап во сингл. Главниот турнир на Вимблдон почнува на 29 јуни.
