Од испитот се отстранети и во двата дела и првиот и вториот дел само 60 ученици. Што значи имаме одличен напредок во спроведувањето на матурата#, рече денеска министерката за образование Весна Јаневска.
„Учениците совесно си ја завршија работата и генерално немаа можности да прибегнат кон нелегални дејствија. Оваа година за разлика од минатите години каде што имавме огремен број на вклучени млади во вибер групи и во телеграм групи. Всушност од испитот се отстранети во двата дела и првиот и вториот дел, само 60 ученици. Што значи имаме одличен напредок во спроведувањето на матурата“, рече таа.
Јаневска рече дека тие што биле фатени дека препишуваат ќе имаат шанса уште еднаш да полагаат во август – и да можат да се запишат на факултет.
„Ако не положат, ќе изгубат цела година од својот живот, во однос на образованието“, рече Јаневска.
