Вести Македонија Топ вести

Полициските службеници обвинети дека не извршиле проверки на „Пулс“ негираа вина

Не се чувствуваат виновни, се изјаснија пред Кривичниот суд деветмината полициски службеници кои се гонат дека не ги извршиле потребните проверки и со тоа овозможиле дискотеката „Пулс“ да добие лиценца. Обвинителката Спасенка Андонова изјави дека полициските службеници не ги направиле соодветно проверките за евиденција за нарушување на јавен ред и мир и не направиле проверки на терен за сообраќајно решение, односно за безбедноста на сообраќајот, што е неопходно да се исполни за да се добие лиценца.

  • „Со обвинението им се става на товар дека овие дејствија не се преземени од нивна страна, како резултат на тоа сепак е дадена согласност и врз основа на таа согласност е издадена лиценца која што овозможила овој клуб и натаму да работи и со тоа непречено да остварува имотна корист во таа насока и дополнително освен имотната корист за правниот субјект и вработеното лице да остварува имотна корист  по основ на редовен работен однос“, рече обвинителката.

Емил Нетков, адвокат на еден од обвинетите порача дека недостасуваат докази кои се многу важни за одбраната и од кои може да се утврди дека полициските службеници направиле се што е потребно. Според него, целта е само да има повеќе обвинети во процесот.

  • „Со ваквите докази кои што цениме дека се штури докази се оди на ситуација за околу 5000 евра имала приход дискотеката Пулс и 5000 евра бруто со плати, придонеси во да се прави фама околу тоа. Жално е што се случи во дискотеката да не се повтори на никого. Но, ова сега што се турка не е во ред и мислиме дека ваква селективна правда не е правда“, смета адвокатот.

Полициските службеници се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. Наредното рочиште е закaжaно за 29 јуни на кое ќе се изведуваат материјални докази.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Kој ја запали новата „искра“ на релација Скопје-Софија? – сред бел ден опожарени две возила на бугарската амбасада

Дејан Дејан

Муцунски телефонски со бугарската колешка Петрова-Чамова – осуда за инцидентот со опожарените возила

Mirjana Joveska

(видео+фото)Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје- бугарските медиуми го објавија потпалувачот

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе