Вести Македонија

Пожарникари дежураат во штипски села, дали огнот ќе се разгори

Пожарот меѓу штипските села Долани и Љуботен е под контрола. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов вели дека утринава екипа на ТППЕ интервенирала на местата каде што се уште чади, односно има активен оган на опожарениот дел.

На терен се екипи, која што ќе дежура до 15 часот.

Пожарот во моментов е во дол, непристапен терен за пожарникарите. Околу 12 часот кога се зголемува температурата ќе видиме дали ќе има разгорување, рече Ренџов.

Според првичните проценки опожарени се од 20 до 30 хектари нискостебелеста вегетација и дел од борова шума. Инаку вчера во гаснењето на пожарот учествуваа 18 пожарникари, 14 доброволци пожарникари и жители на село Долани.

Дирекцијата за заштита и спасување вчера активираше и еден ер трактор, со што и од воздух се дејствуваше врз огнената стихија. Еден жител на селото е повреден, односно се здобил со изгореници на нозете, за што веднаш е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Денеска минимално поскапување на горивата, од следна недела значително ќе се намалат

Дејан Дејан

Уапсена е мајката која го тепаше и остави на асфалт своето три месечно бебе

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Кос: Денеска е мега понеделник за проширување, го отвораме првиот кластер за Украина и Молдавија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе