Останато Спорт

Каролина го освои Стенли купот по пауза од 20 години (ВИДЕО)

Каролина хјурикејнс е нов шампион во НХЛ-лигата откако во финалето на Стенли купот го совлада Вегас голден најтс со 4-2 во победи.

Хјурикејнс ја заверија титулата со триумф од 3-0 во шестиот натпревар и стигнаа до вториот шампионски трофеј во својата историја, прв по 2006 година.

Тејлор Хол го отвори резултатот и го најави големиот триумф на Каролина, а во листата на стрелците се запишаа уште Џексон Блејк и Николај Елерс.

Капитенот Џордан Стаал беше прогласен за најкорисен играч во плеј-офот и го доби трофејот „Кон Смајт“. Стаал одигра фантастична финална серија, постигна голови на пет од шесте натпревари и беше лидер на тимот во походот до титулата.

Каролина имаше доминантен плеј-оф и ја заврши битката за Стенли купот со биланс од 16 победи и само три порази.

За тренерот Род Бриндамор ова е посебен успех, бидејќи со Каролина го освои Стенли купот и како играч во 2006 година, а сега и како тренер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошаркарите ги почнаа подготовките за решавачките претквалификациски дуели

Sportska Redakcija

Баерн Минхен се засилува со марокански репрезентативец

Sportska Redakcija

Рубен Аморим е нов тренер на Милан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе