Поради глобален проблем корисници ширум светот денеска се соочија со проблеми при користењето на социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“
Двете платформи престанаа да функционираат нормално во попладневните часови.
Станува збор за глобален проблем AWS (Amazon Web Services) и афектирани се многу сервиси меѓу кои МЕТА (Фејсбук, Инстаграм и Вотсап).
Додека не се решѓи проблемот можно е корисните да се соочат со потешкотии на објавување на постови на социјалните мрежи како и на интернет порталите.
Вообичаено е ваквите проблеми да траат максимум 3-4 часа, но ова е само претпоставка врз основа на досегашните случувања.
