Вести Македонија Најважни

Обвинетиот судија Ристов во име на фирмата на „Ѓаволот“ продал стан на неговиот дедо

Обвинетиот апелационен судија во име на фирмата на Љупчо Пецов Ѓаволот, осомничен  за финансиски криминал во „Синџир“ продал стан од 67 квадрати во Охрид на таткото на неговата сопруга. Освен што Ристов бил полномошник на Алма комерц чиј управител бил Пецов Ѓаволот, тој и неговата сопруга биле и кокредитобаратели при купувањето на имотот. Токму поради Пецов Ѓаволот кој преку неговиот адвокат Фехми Стафа се обидел да влијае кај Ристов за укинување или ублажување на мерката притвор започна истрагата против апелациониот судија. Докази дека Ристов примил поткуп од Пецов Ѓаволот нема, но пресудата за Стафа покажа дека имало таква намера.

„Во периодот од октомври до 13.12.2025 година обвинетиот Ф. С. примил вкупен износ од 50.000 евра за посредување со искористување на своето реално влијание да винтервенира кај Ѓ. Р., како судија во Апелациониот суд и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши и тоа за во конкретниот предмет за лицето Љ. П..“, пишува во пресудата за Фехми Стафа.

На последното рочиште презентирајќи ги материјалните докази обвинителката Искра Хаџи Василева откри дека станот кој во 2020 година е купен од Алма комерц на Пецов Ѓаволот е на име Ивица Зориќ, таткото на Зорица Ристова, сопругата на судијата. Телма го најде имотниот лист. Станот се наоѓа на улица Богомилска и е до центарот на Охрид. Купен е со кредит од 2,5 милиони денари или околу 40. 650 евра кој го зема Зориќ, а кокредитобаратели се брачниот пар Ристови. Метар квадратен значи ги чинел околу 600 евра.

„Управителот Пецов го овластува Ѓоко Ристов да го застапува друштвото и да се потпишува на нотар и секаде каде што има потреба овој имот да биде обезбедување за договорот за станбен кредит земен на крајот од таткото на сопругата Ивица Зориќ“, рече Искра Хаџи Василева, обвинителка.

Инаку Ристов уште од 2017 година како судија во Кривичниот суд одлучувал по предмети за Пецов Ѓаволот во негова корист, што е дел од доказите против него. Ристов одлучувал по жалба на Пецов Ѓаволот и во 2020 година кога стана судија во Апелација и кога е купен и станот.

Ристов е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот како и за перење пари откако во куќата ан неговите родители беа пронајдени соѕидани 350 илајади евра.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Елон Маск стана првиот човек на планетата кој „вреди“ 1 000 000 000 000 долари

Дејан Дејан

Нова авиолинија и карго железничкото поврзување на Македонија и Турција

Дејан Дејан

Марта Кос во јули во Скопје- Дали новата дипломатска офанзива ќе донесе придвижување во односите Скопје – Брисел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе