Вести Македонија Топ вести

Вработените во обвинителствата контра власта – законот за служба во ЈО не чини

Вработените во службите во обвинителствата во земјата и се спротивставија на власта. Законот која го предлага го прикажува како реформски а тој ќе биде пропуштена можност ако се донесе напишаа во јавната реакција која освен до медиумите велат ќе ја испратат и до делегацијата на европската унија во земјава.

„Наместо да обезбеди поголема самостојност на Јавното обвинителство и вистинско издвојување на јавнообвинителската служба од системот на јавната администрација, предложениот закон ги задржува постојните ограничувања, не ги надминува кадровските проблеми и не нуди решенија за долгогодишните предизвици со кои се соочува службата. Предупредуваме дека усвојувањето на ваков закон нема да доведе до зајакнување на институционалните капацитети на Јавното обвинителство, туку ќе ги задржи истите слабости поради кои реформата воопшто беше започната“, стои во реакцијата на вработени во сите јавни обвинителства.

Предлог законот за јавнообвинителска служба вчера доцна попладнето го помина првото читање во Собранието. Тие се загрижени што верзијата доставена до Собранието целосно се разликува од оној напишан од Работната група во која учествуваа претставници на Јавното обвинителство, институциите, академската заедница и меѓународните партнери. Тој е закон од таканаречената Реформска агенда но вработените сметаат дека со него не се анадминуваат проблемите со недостигот на кадар и не се  подобрува на материјалниот статус, а останува и истиот систем на пресметка на плати. Заменик министерот за правда Ален Деребан за телма вели дека ова не е конечна верзија на законот.

Следната недела ќе има Јавна расправа во Собранието токму за овој закон, на која ќе може да присуствуваат засегнатите. Нивната реакција во најголем дел е за платите и статусот, но кога се водеше работната група имаше една фактичка состојба а сега друга. Во меѓувреме беше донесен колективниот договор и покачувањето на платите со него веќе се донесе. Не може сега да има двојно зголемување. Проблемот со статусот на вработените пак е решен со законот за административни службеници кој стапува на сила од 01.01.2027 година“, изјави Ален Деребан – заменик министер за правда.

Вчера Синдикатот на вработените беше на средба во Министерството но доцна попладнето истиот закон го помина првиот филтер во собранието. За тоа сега сите вработени ги повикаа пратениците да обезбедат законско решение што навистина ќе придонесе за самостојност, ефикасност и професионализација на јавнообвинителскиот систем. Во обвинителствата во земјава се вработени околу 350 луѓе.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Страв и надеж“ е најдобра претстава, Димитар Ѓорѓиевски доби награда за најдобра машка улога – доделени наградите на Војдан Чернодрински

Дејан Дејан

Владината делегација два дена во Истанбул ќе ги презентира предносите за инвестирање во земјава

Дејан Дејан

Општина Чаир тврди дека базенот бил завршен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе