За колку ќе се зголеми цената на парното греење? Компаниите веќе ги доставија пресметките на трошоците до регулаторна. Најголемо зголемување од речиси 54 отсто на својата услуга бара компанијата која што го врши снабдувањето со топлинска енергија. ЕСМ дистрибуција пак пресметале и бараат зголемување на цената на дистрибуцијата од над 45 отсто, а производство 32, 7 проценти.
- ЕСМ Снабдување 53,9 %
- ЕСМ Дистрибуција 45,5 %
- ЕСМ Производство 32,7 %
Од ЕСМ за Телма велат дека во овие пресметки освен прогнозите за цената на гасот кој има најголем дел од трошоците на компаниите, реалните трошоци кои ги направиле компаниите за време на претходната грејна сезона влегуваат и стари трошоци од претходни години за кои тврдат дека регулаторите им ги има признаено, но истите не биле вклучени при носењето на тогашните одлуки за крајната цена на парното греење.
До денеска е и рокот до кога може сите заинтересирани правни и физички лица да достават мислења и предлози во врска со најновите барања на компаниите за топлинска енергија. Новата цена пак на парното греење треба да се донесе до крајот на јули, а да важи од први август.
Последно, греењето поскапи за 5, 9 отсто, со образложение дека се прави за да може да се инвестира во дистрибутивната мрежа поради која изминатата грејна сезона имаше доста проблеми.
