Вести Македонија Топ вести

Прешова: Наместо Судски нека се формира Судо-шпед

„Наместо Судски совет нека се формира друштво со ограничени правни знаења и одговорност“ – ова е коментарот на универзитетскиот професор Денис Прешова по информациите дека Судскиот совет побарал од Собранието толкување на одредби од новиот Закон за Судскиот совет, поврзани со престанок на мандат на член поради исполнување услови за пензија.

„Дајте да не се зафркаваме и да го укинеме ова тело и да формираме Агенција за судство на чело со некој директор или, подобро, нешто налик на некое тело со јавни овластувања наречено Судо-промет, Интер-суд-екс или Судо-шпед, кое ќе биде друштво со ограничени правни знаења и одговорност за промет со судски интегритет, судска трговија и тезгарење“, напиша Прешова.

Тој прашува како е можно институција составена од судии и правници да не може самостојно да ги толкува законските одредби што ја регулираат нејзината работа, а го критикува и Собранието кое како што наведува  „со сиот памет, или отсуство на истиот, одговорило со писмо(!) во кое дава толкување на одредбите од Законот за Судскиот совет дека може да се констатира престанок на мандатот на членот на СС (!!!!)“.

„Чуму ни седат таму ‘врвни’ судии и ‘истакнати’ правници ако ова се случува и тие не се способни да ги толкуваат одредбите на Законот за Судскиот совет. Немаме потреба од ваков Судски совет. А, за Собранието и јас сум без коментар веќе. Мислевме автентичните толкувања се чудовишта од минатото, а тек ова..епистоларно толкување“, напиша Прешова. .

Oд Судски совет за Телма потврдија дека се обратиле до Собранието, во врска со заминувањето во пензија на Павлина Црвенковска која исполнила услови за старосна пензија шест месеци пред истекот на мандатот.

Судски совет остана без еден член, Црвенковска замина во пензија шест месеци пред да и заврши мандатот

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барања за зголемување и до 54 отсто, фирмите за парно ги доставија пресметките, последниот збор ќе го има РКЕ

Дејан Дејан

МНТ со претставата „Страв и надеж” ја освои главната награда на МТФ” Војдан Чернодрински”

Дејан Дејан

Изложба и предавање во Музејот на македонската борба посветени на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе