Вести Свет

СЗО: Европа да го заштити населението од екстремните горештини

Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација, посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите температури.

Тој ги опиша горештините како „тивок убиец“ што може да биде спречен доколку Европа само ги примени алатките и мерките што веќе ги има на располагање.

Клуге во Берлин ги претстави ажурираните препораки за заштита од горештини, каде акцент е ставен на заштитата на постарите лица и другите ранливи категории граѓани, објави МИА.

Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, истакна дека последиците од климатските промени веќе се чувствуваат ширум светот и оцени дека заштитата од горештините е и социјално прашање, бидејќи луѓето кои живеат во густо населени урбани средини и прегреани живеалишта често имаат ограничени можности за заштита од екстремни температури.

Според него, намалувањето на емисиите на штетни гасови и проширувањето на зелените површини во градовите, како што се дрвјата, парковите, реките, шумите и мочуриштата, може да помогне во ублажувањето на последиците од горештините.

Климатските и здравствените експерти предупредуваат дека порастот на глобалните температури предизвикува почести, поинтензивни и подолготрајни топлотни бранови, при што особено изложени на ризик се постарите лица и луѓето со претходни здравствени состојби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Ја сакам инфлацијата

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ најави можна оставка и нови политички потези

Kristina Kuzmanovski

Во Тирана најмасовн протест досега против „Зврнец”

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе