Вести Македонија Најважни

Локализиран пожарот над штипската населба Кадидаре

Околу полноќ пожарот над штипската населба Кадидаре беше ставен под контрола. Гром кој удрил во близина на викенд населбите Плуждино и Новакова Чешма е причината за огнената стихија, која зафати неколку ридови, а огнот драматично се доближуваше до неколку штипски населби и беше видлив од високите зони на градот.

Пожарникари, доброволци и месното население учествуваа во гаснењето на пожарот. Проблеми при гаснењето им правеше ветерот, но и непристапниот терен.

Нема повредени, ниту пак беа во опасност нечии домови. Градоначалникот Иван Јорданов во текот на ноќта истакна дека нема простор за паника, бидејќи беа мобилизирани сите институции.

-Направен е терен за да можат и дополнителни возила да доставуваат доволни количини на вода за гаснење, така да се надевам дека во текот на ноќта ќе биде комплетно локализиран овој пожар, вели градоначалникот на Штип.

Дванаесет доброволците од Доброволното противпожарно друштво од Штип со свои возила учествуваа во гаснењето на пожарот над Штип.

  • Беше страшно, имаше стварно стихијни огнови сега е веќе под контрола се надевме дека преку ноќта ќе се смири комплетно. Примивме повик на Противпожарната станица Штип за 10 минути по повикот ние веќе стигнавме во противпожарната станица. Се групиравме, се организиравме и веќе бевме на терен, вели доброволец кој ушествуваше во гаснењето на пожарот.

Екипи на Територијалната Противпожарна единица во текот на ноќта правеа контроли на терен, со цел да не се дозволи повторно разгорување на огнените јазици. Дополнително ќе се утврдува и колкава површина беше зафатена.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Ја сакам инфлацијата

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ најави можна оставка и нови политички потези

Kristina Kuzmanovski

Во Тирана најмасовен протест досега против „Зврнец”

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе