На денешната собраниска седница во македонското Собрание беше констатирана оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи.
Фетаи ја поднесе оставката на 1 јуни, по период од повеќе од два месеци во кој, како што беше наведено, не се појавувал на работното место.
Повеќе од два и пол месеци го немаше на влада, на седници, во сопствениот кабинет на вицепремиер задолжен за добро владеење. На првиот ден од јуни, Арбен Фетаи си поднесе оставка од функцијата. Ја достави до владата и ја објави на „Фејсбук“.
- Смета дека во овие две години имал чест и привилегија да и служи на државата и да придонесе за реформите за зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото.
Фетаи од патување во Бангкок до оставка од вицепремиерска и министерска функција
