Вести Македонија

(Видео ) Ги криел под седиште пурите вредни четири илјади евра, царина му ги заплени

Пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце.

Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз.

Во конкретниот случај, мобилен царински тим, поради основано сомневање го застанал автобусот на детална контрола при што под седиштата како и во фабричка шуплина се пронајдени вкупно 312 парчиња пури од различни производители.

Избегнатите давачки се проценети на 174,9 илјади денари.

Акцизните производи, кои се предмет на обид за криумчарење се запленети и со донесување на наредба од ОЈО Куманово истите ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата“, вели Ацо Ристов, претседател на РКЕ

meteo

Муцунски во Софија: Проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа

meteo

(Фото) Улица во Хаг цела во портокалова боја додека возбудата во Холандија расте за Светското првенство

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе