Вести Најважни Свет

Стармер, Мерц и Макрон ја поддржаа идејата за преговори Украина – Русија

„Непосреден дијалог“ меѓу Украина и Русија со „активно учество на САД и Европа“, го подржаа  лидерите на Франција, Германија и на Обединетото Кралство , пренесуваат светските агенции.

Во заедничка изјава дадена во Лондон, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер оценија дека „тековната линија на контакт треба да послужи како почетна точка за преговори“, нагласувајќи дека „меѓународните граници не треба да се менуваат со сила“.

Тие на средбата со Зеленски разговарале и за зголемување на производството на одбранбено вооружување и за развој на способности за напади длабоко на руска територија, по засилените руски ракетни напади, меѓу кои и употреба на ракети „Орешник“.

Во заедничкото соопштение се осудуваат „масовните руски ракетни и дрон-напади врз украински градови со цивилни жртви“, како и „опасните и неодговорни упади на руски дронови на територијата на НАТО“.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, порача дека Европа мора да има клучна улога во мировните преговори.

Важно е гласот на Европа да биде силен во преговорите, рече Зеленски, додавајќи дека способностите за удари на далечина се ефективни, но оти е потребна подобра заштита од балистички закани, кажа Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) „Вие сте расипана“, Трамп напушти интервју бидејки го налутија прашањата на новинарката

Kristina Kuzmanovski

ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење

Kristina Kuzmanovski

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе