Вести Најважни Свет

Се огласија сирени во Тел Авив, нови напади меѓу Израел и Иран

Сирени се огласија низ Израел утрово откако неговата војска соопшти дека ракета лансирана од Јемен ја таргетирала земјата, без да прецизира повеќе детали. Спасувачките служби на Израел соопштија дека нема извештаи за жртви или последици од лансирањето од Јемен.

Израел започна воздушни напади рано наутро насочени кон централен и западен Иран како одговор на ракетниот оган од Техеран, напади што се заканија да го вратат поширокиот Блиски Исток во регионална војна. Иран го затвори воздушниот простор околу меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран.

Иранската државна телевизија пак објави дека се слушаат експлозии во Исфахан, Карај, Тебриз и Техеран.

Сведок во Техеран опиша дека слушнал барем една голема експлозија некаде западно од главниот град на земјата.

Револуционерната гарда на Иран соопшти дека Израел употребил балистички ракети лансирани од воздух во нападот, без да дава детали.

Израелската војска во зори во Иран издаде кратко соопштение по почетокот на нападите: „Пред кратко време, израелските воздухопловни сили нападнаа воени цели што му припаѓаат на иранскиот терористички режим во западен и централен Иран“.

Белата куќа се уште не одговори на пораките за нападите и дали тие биле извршени во координација со САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) „Вие сте расипана“, Трамп напушти интервју бидејки го налутија прашањата на новинарката

Kristina Kuzmanovski

ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење

Kristina Kuzmanovski

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе