Вести Свет

Меѓународната агенција за атомска енергија на вонредна седница по нападот врз нуклеарната централа барака во Обединетите Арапски Емирати

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска одржува вонредна седница во Виена по минатомесечниот напад со беспилотно летало врз нуклеарната централа Барака во Обединетите Арапски Емирати.

Состанокот беше побаран од Египет, Јордан, Мароко и Саудиска Арабија, откако нападот предизвика пожар на периферијата на единствената нуклеарна централа во ОАЕ. Властите во Емиратите го оценија инцидентот како „неиспровоциран терористички напад“.

Според официјалните информации, нема повредени лица ниту радиолошко истекување по нападот.

ОАЕ, каде се распоредени системи за воздушна одбрана и израелски персонал, неодамна го обвинија Иран за серија напади со беспилотни летала и ракети. Во меѓувреме, тензиите во регионот дополнително се зголемуваат околу Ормутскиот Теснец – еден од најважните светски енергетски поморски коридори.

Во исто време, МААЕ во доверлив извештај до земјите-членки наведува дека не успеала да изврши инспекција на иранските нуклеарни постројки оштетени за време на воените дејствија минатиот јуни.

Според документот, до кој дошла агенцијата Асошиејтед Прес, нуклеарното надзорно тело на ОН „не може да даде информации за моменталната големина, составот и местоположбата на залихите на збогатен ураниум во Иран, ниту да потврди дали Техеран ги прекинал сите активности поврзани со збогатувањето на ураниум“.

Извештајот доаѓа во период на засилени безбедносни тензии на Блискиот Исток. Во средата, ирански беспилотни летала сериозно го оштетија патничкиот терминал на главниот аеродром во Кувајт, при што едно лице загина, а десетици беа повредени. Аеродромот беше привремено затворен, во најновата ескалација на меѓусебните напади меѓу Иран и САД, кои дополнително го ставаат на тест кревкото примирје во регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе