Финскиот претседател Александар Стуб презентираше визија за значително проширена Европска Унија, велејќи дека блокот од 27 членки мора „да размислува надвор од кутијата“ и да го искористи моментот за да ја зајакне својата моќ на светската сцена, пишува Си-ен-би-си.
Сопред него ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на членови на 40 и ги спомена Обединетото Кралство, Канада, Турција, Норвешка и Исланд како потенцијални кандидати за приклучување.
„Прозорецот на можности за проширување на ЕУ е доста краток затоа што кога ќе заврши војната во Украина и можеби кога ќе се промени американската администрација, не знам, тогаш луѓето ќе ја тргнат ногата од гаста и повторно ќе почнат да се жалат на тривијални работи“ истакна Стуб на Самитот за електрична енергија на Европа.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
